Достапни линкови

Либија - не се знае судбината на севернокорејскиот танкер


Илустрација.

Илустрација.

Не се знае судбината на танкерот со ознаки на Северна Кореја кој се обиде да се снабди со нафта на либискиот терминал Ал Сидра кој го држат сепаратисти. За случајот доаѓаат разни извештаи од двете страни. Либискиот министер за култура Хабиб ал Амен на прес-конференција изјави дека танкерот е запленет од страна на владините поморските сили, откако бил опкружен на Ал Сидра, еден од главните терминали за извоз на нафта во Либија. Портпаролот на бунтовниците, Али ал-Хаси, ги негираше изјавите на владата, велејќи дека бродот се уште е на пристаништето и се наоѓа во рацете на бунтовниците. Поранешните бунтовници повикуваат на автономија на источниот регион Киренајка блокирајќи го пристаништето Ал Сидра и други клучни терминали за извоз. Танкерот со ознаки на Северна Кореја беше првиот брод кој побара да наполни нафта од пристаништето. Бунтовниците продаваат нафта без дозвола на владата.
XS
SM
MD
LG