Достапни линкови

Сирија - една од најопасните земји за деца


Деца трчаат по улуца за да избегнат снајпери во Деир ал Зор, Сирија. Февруари, 2014.

Деца трчаат по улуца за да избегнат снајпери во Деир ал Зор, Сирија. Февруари, 2014.

Сирија стана една од најопасните земји во светот за децата, соопштуваат од Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ). Во нивниот извештај објавен вчера се наведува дека 5,5 милиони деца се погодени од граѓанска војна во Сирија. Исто така се нотира дека илјадници млади Сиријци се заробени во опколените делови на земјата. Во извештајот стои дека најмалку 10 илјади деца се убиени во текот на тригодишната војна во Сирија, но дека реалната бројката најверојатно е повисока. Според УНИЦЕФ на околу 2 милиони деца им е потребна некоја форма на психолошка поддршка или третман.
XS
SM
MD
LG