Достапни линкови

Руската вселенска капсула Сојуз успешно се приземји


Руската вселенска капсула Сојуз со тричлен екипаж безбедно слета во степите на Казахстан, откако помина речиси шест месеци во орбитата на Меѓународната вселенска станица. Екипажот го сочинуваат американецот Мајк Хопкинс и Русите Олег Котов и Сергеј Риазански. Тие поминаа 166 дена во вселената. Спасувачките екипи, кои одржуваа контакт со екипажот за време на нивната мисија, соопштија дека астронаутите се во ред.
XS
SM
MD
LG