Достапни линкови

logo-print

СДСМ со нови детали за проектот Демир Капија - Смоквица


СДСМ денеска обвини дека државните институции молчат во врска со случајот што го обелоденија за излевање на 3,5 милиони евра од проектот Демир Капија-Смоквица на лица во Грција.
Портпаролот Петре Шилегов на прес-конференција презентирајќи документи рече дека државјанин на Грција од сметката на фирмата изведувач Актор, преку филијала на Стопанска банка во Неготино, за три месеци подигнал 250 илјади евра.
- Од сметката на фирмата Актор АДГ Грција – Подружница Скопје, на којашто се легнати 32 милиона евра пари на граѓаните на Македонија, се одлеваат кеш суми и кај цели фамилии, државјани на Грција, рече Шилегов.
Тој обвини дека фирмата Актор соработува и со фирмата Топометрија, чиј сопственик е Георгос Папастамос, а од чии сметки се одлеваат пари кон истите физички лица, граѓани на Грција. Според СДСМ, подигнатите суми не излегуваат од Македонија. - Тоа го покажуваат нашите проверени информации од Царината. Во чии џебови влегуваат извлечените кеш пари, праша Шилегов.

ВМРО-ДПМНЕ - Се е според закон

Проектот Демир Капија - Смоквица е спроведен согласно сите европски правила и македонски законски процедури. Објавувањето на јавниот повик за изградба на автопатот беше одобрено од Европската комисија во координација со Европската инвестициска банка (ЕИБ) и ЕБРД, а при спроведувањето на постапката ниту една компанија не поднесе жалба што зборува за високиот степен на транспарентност, е реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
- Сите надлежни државни институции ги почитуваат законите на Република Македонија и меѓународните стандарди утврдени од партнерските европски институции. Каде и како фирмата избрана во транспарентна постапка ги троши парите, дали за работници, дали за опрема, машини или градежни материјали, Шилегов треба да си ја праша фирмата која го добила тендерот верификуван од сите релевантни европски институции. Доколку се сомнева во нивната работа, секако дека има начин тоа да го пријави до институциите, а тие ќе си постапат, стои во реакцијата.
XS
SM
MD
LG