Достапни линкови

Редовни воени вежби во Црно Море


Поморските воени сили на Бугарија, Романија и САД ќе извршат утре заедничка воена вежба ПАСЕКС југоисточно од романскиот крајбрежен град Констанца, соопшти денеска бугарското Министерство за одбрана.
Станува збор за типот на обука каква што се организира кога странски бродови ги посетуват бугарските пристаништа или минуваат крај нив, а двете страни се согласуваат да извршат воена вежба, појасни Министерството, јави БТА.
Оваа обука е испланирана уште минатата година и е дел од заедничките воени вежби на трите земји, кои не се поврзани со ситуацијата во Украина и североисточниот дел на Црното Море.
XS
SM
MD
LG