Достапни линкови

Обама и Џинпинг разговарале за Украина


Американскиот претседател Барак Обама и кинескиот претседател Си Џинпинг се согласиле во врска со важноста од зачувувањето на суверитетот и територијалниот интегритет на Украина. Белата куќа соопшти дека двајцата лидери синоќа телефонски разговарале за изнаоѓање мирно решение на спорот меѓу Украина и Русија и за намалување на тензиите во регионот. Кина, како што потетуваат агенциите, често пати е на страната на Русија во недоразбирањата со Западот, но исто така цврсто е за принципот на зачувување на територијалниот суверенитет на земјите.
XS
SM
MD
LG