Достапни линкови

logo-print

Меѓународните односи во Украина предизвикала најмногу коментари на нашата интернет страница. Од коментарите може да се види дека доминира „руската приказна“ за Крим.

Кој вели дека нашите граѓани се интересираат само за работите во врска со Македонија? Погледнете колку коментари има по информациите за руската кампања за дезинформации околу Украина, дека на Крим заминале припадници на некаква српско четничко гарда „Волци“ спремни да им помагаат на Русите и дека руската приказна доминира во Македонија...
Тргнувајќи од односот на ЕУ и НАТО кон Македонија, што бараме и од петни жили се мачиме да влеземе и во НАТО и во ЕУ?

Бидејќи има навистина премногу ваши коментари, да препрочитаме само некои: МК Обсервер предлага информацијата да биде со наслов: „Американско-натовска кампања за дезинформации околу Русија“. Кире пишува - „голема поддршка за Русија“ нарекувајќи ја нашата информација „борба за антируска пропаганда во Македонија“. Полат Алемдар, тргнувајќи од односот на ЕУ и НАТО кон Македонија прашува што сме барале и од петни жили сме се мачеле да влеземе и во НАТО и во ЕУ? Боцка смета дека ако некој нема право да зборува за лажна пропаганда тоа биле Американците.

По информацијата за српските четници на Крим, Никола прашува каде можел да се пријави како доброволец за таму; посетител на нашата веб-страница потпишан со Српски четници од Крагуевац, во коментарот на српски јазик им се извинува на, како што вели, браќата и сестрите од Македонија и за
Сè ми се чини дека Русија добро го искористи Косово за да си го земе назад Крим. Историски гледано, не дај Боже Русија да ти дојде на помош..
четниците отидени на Крим, вели дека се идиоти кои шуруваат со Бугарите и обичен шљам од луѓе.

Друг потпишан со Православац го велича православјето, а Мики напишал дека и ние веќе имаме животинско царство на такви единици, и дека и овие, како Аркановите тигри, се воени профитери кои едвај чекаат да има вакви фронтови за пљачкање и силување. МКД објаснува дека Русија го искористи случајот со Косово за присвојување на Крим, поточно, независното Косово е во интерес на Русија. Аца е на иста линија со претходниот коментар, па пишува: „Сè ми се чини дека Русија добро го искористи Косово за да си го земе назад Крим. Историски гледано, не дај Боже Русија да ти дојде на помош...“

Во врска со текстот дека во Македонија доминира руската приказна, Ставре ја напаѓа редакцијата на македонски на Радио Слободна Европа дека користела аналитичари коишто сакале да им наметнат на граѓаните ставови што не биле нивни. Незабеган напишал дека Македонците формално се прават дека ја слушаат американската приказна (демек,формално бараат да станат членови на евроатлантските организации), а дома ноќе сакаат да ја слушнат руската приказна од Радио Москва. А, всушност, глуви се „како топ“ за меѓународните односи.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG