Достапни линкови

logo-print

Пакистан е за поблиска соработка со Косово


 Мамнун Хусaин

Мамнун Хусaин

Пакистанскиот претседател Мамнун Хусaин се заложи за партнерство и за поголема соработка меѓу неговата земја и Косово. Тој ова го изјави за време на денешната средба во Исламабад со шефот на косовската дипломатија Енвер Хоџај. На средбата претседателот Хусaин најави дека ќе го поддржи членството на Косово во Организацијата за исламска соработка. Пакистан официјално ја призна независноста на Косово во декември 2012 година.
XS
SM
MD
LG