Достапни линкови

Србија ја образложува тужбата за геноцид против Хрватска


Во Меѓународниот суд за правда денеска ќе продолжи расправата во спорот меѓу Србија и Хрватска по взаемните тужби за геноцид на подрачјето на Хрватска од 1991 до 1995 година. Членовите на српскиот тим првин ќе одговораат на обвинувањата што Хрватска ги изнесе во текот на минатата недела, а во продолжението на седницата ќе ја претстават противтужбата на Србија од 2010 година. Во документот што е поднесен до Меѓународниот суд за правдата се даваат податоци и за злосторствата во текот на операциите „Блесок„“ и „Бура“.
XS
SM
MD
LG