Достапни линкови

Растат тензиите во Украина


Украина се соочува со повеќе тензија откако про-владини и про-руски активисти одржаа ривалски собири низ земјата во текот на вчерашниот ден. Илјадници проруски демонстранти во источниот град Доњецк маршираа кон регионалната зградата на администрацијата и го симнаа украинското знаме надвор, а го поставија руското. Ривалскиот митинг на кој требаше да се обрати Виталиј Кличко, кандидатот за предвремените претседателски избори во Украина, мораше да биде прекинат поради стравувањата дека би можеле да нападнат проруските активисти. Во Лушанск, во близина на Доњецк, поддржувачите на Москва ја окупираа зградата на регионалната влада и побараа оставка на гувернерот.
И во главниот град на Крим, Симферопол, неколку илјади демонстранти се собраа во знак на поддршка за приклучување кон Русија. Митингот пак за спротивставување на обединувањето со Русија привлече околу 500 луѓе.
XS
SM
MD
LG