Достапни линкови

logo-print

Пронајдени делови од малезискиот исчезнат авион


Виетнамски претставници соопштија дека najверојатно ја нашле вратата од патничкиот малезиски авион кој мистериозно исчезна пред два дена. Виетнамски авион вчера забележал нешто за што се верува дека е една од вратите од авионот на Малезија ерлајнс,на околу 90 километри јужно од То Чу островот во Талјандскиот залив. Боингот со 239 патници во авионот, го загуби контактот со контролорите за летање некаде помеѓу Малезија и Виетнам додека летал од Куала Лумпур во Пекинг. Исчезнатиот авион веројатно паднал во добри временски услови, а се претпоставува дека пилотите не можеле или немале време да пратат сигнал, што пак се смета за невообичаени околности под кои модерен авион управуван од страна на професионална авиокомпанија би се урнал.
XS
SM
MD
LG