Достапни линкови

Ултраортодоксните Евреи протестираа против одење во војска


Илјадници ултраортодоксни Евреи протестираа во Њујорк против предлогот на Израел да прима религиозни граѓани во војска. Протестот на околу 50 000 лица доаѓа една недела откако стотици илјади ултраортодоксните Евреи се собраа на улиците на Ерусалим,блокирајќи ги патиштата и парализирајќи голем дел од градот, изразувајќи револт против плановите и тие да служат во израелската војска. Од основањето на Израел во 1948 година, на членовите на ултраортодоксната заедница која ја сочинуваат околу 8 проценти од вкупното население во Израел им беше дозволено да избегнува воена служба, што е задолжително за повеќето еврејски мажи, а со намера да го завршат своето верско образование. Но таквиот потег ги разлути останатите Израелци кои сметаат дека и ултраортодоксите треба да имаат свој удел.
XS
SM
MD
LG