Достапни линкови

Стоттина бегалци починале од глад


Активистите за човекови права соопштија дека сириската армија го користела „гладот“ како еден вид оружје во војната во опсадата на палестинскиот бегалски камп Јармук на периферијата на Дамаск. Амнести интернешенел информираше дека 128 лица починале од глад, бидејќи воената опсада почнала во јули 2013 година, а пристапот до храна и лекови бил прекинат. Сириските војници го ставија под опсада кампот откако зачестија битките меѓу бунтовниците и провладините борци во предградието на јужен Дамаск. Насилството предизвика егзодус на околу 170.000 жители на Јармук. Се проценува дека околу 20.000 од нив се уште се заглавени внатре во кампот.
XS
SM
MD
LG