Достапни линкови

Меркел и Ердоган согласни: Да се заштити суверенитетот на Украина


Германската канцеларка Ангела Меркел и турскиот премиер Реџеп таип Ердоган се согласни дека по секоја цена неопходно е да се заштити суверенитетот, територијалниот интегритет и политичкото единство на Украина, се наведува во соопштение од германската Влада. Во телефонски разговор, Меркел и Ердоган навеле дека е неопходно да се елиминира ризикот од судири на Крим, оценувајќи дека најавениот референдум за припојување кон Русија на 16 март е „крајно сомнителен и нелегален“.
Во соопштението се наведува дека Меркел и Ердоган укажале на важноста од исполнување на меѓународните обврски заради надминување на кризата, истакнувајќи го значењето на напорите да се формира меѓународна контакт група и комитет кој би ги истражил неодамнешните насилни инциденти.
XS
SM
MD
LG