Достапни линкови

logo-print

ОБСЕ загриженa за медиумската слика на Крим


Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) информираше дека не-руските медиуми во Крим се соочуваат со сериозни ограничувања, вклучувајќи блокада на телевизиските сигнали. Во соопштението од претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите Дуња Мијатовиќ , се наведува дека "екстремната цензура, затворањето на медиуми и нападите и заплашувањата на новинарите мора веднаш да престане." Терестријалните сигнали од неколку украински телевизиски канали се исклучени во текот на изминатите неколку дена.Повеќето од нив се приватни телевизии, но има и една државна. Украинсите радиодифузери се заменети со серија на руски канали во државна сопственост. Мијатовиќ, исто така, изјави дека новинарите од украински и меѓународни медиумски организации, вклучувајќи BBC и CNN биле нападнати или подложени на закани.
XS
SM
MD
LG