Достапни линкови

Уапсен пратеник на Златна зора ќе биде кандидат за гувернер


Пратеникот на екстремната десничарска партија Златна зора, Панајотис Илиопулос ќе биде кандидат за гувернер на локалните избори во Грција во мај, иако се наоѓа во притвор и му претстои судење поради обвинение за членство во криминална организација. Илиопулос е еден од шестмината пратеници на Златна зора, кој е уапсен во рамки на операцијата против оваа неонацистичка партија.Илиопулос ќе биде кандидат за гувернер на Тесалонија, земјоделска област во централниот дел на Грција. Златна зора е обвинета дека е одговорна за напади врз имигранти и политички противници. И покрај истрагата против оваа партија, резултатите од најновите анкети покажуваат дека Златна зора и понатаму е трета партија по популарност во Грција.
XS
SM
MD
LG