Достапни линкови

Судири меѓу ривалските протести во Украина


Проруски активисти денеска нападнаа проукраински активисти во градот Севастопол на Крим, за време на ривалските демонстрации низ улиците ширум Украина. До насилствата дојде кога околу 200 демонстранти се собраа да ја одбележат 200-годишнината од раѓањето на поетот и национален херој Тарас Шевченко. Во регионалниот главен град на Крим, Симферопол поединечните собири за поддршка на украинското единство и за приклучување кон Русија продолжиja мирно.
Говорејќи на собирот во знак на поддршка на национално единство во источниот град Доњецк, поранешниот лидер на опозицијата Виталиј Кличко, рече дека Украина не треба да биде поделена со крвопролевање.

"Клучниот приоритет денес за сите Украинците е да се обединат, да се здружат и да се спречат провокации, да се спречат сепаратистите од остварување на нивните планови, кои се поделба на земјата и губење на независноста", изјави Кличко.

Во меѓувреме, неколку илјади проруски демонстранти се собраа на плоштадот Ленин во Доњецк, повикувајќи на референдум за приклучување на Крим кон Русија. Дописникот на радио Слободна Еврпа Том Балфорт, кој е во Доњецк, информира дека демонстрантите марширале до зградата на регионалната администрација која во текот на минатата недела двапати беше завземена од проруските демонстранти, кои пак го симнаа украинското знаме, а го поставија руското. Тие извикувале " референдум", "Русија , Русија " и " Доњецк е руски град."

Претходно, украинскиот премиер Арсениј Јатценук изјави дека илјадници демонстранти се собрале во Киев за да ја одбележат годишнината на Шевченко и истакна дека Украина нема да отстапи ниту инч од нејзината територија во Русија.Подоцна тој најави дека следната недела ќе замине во Вашингтон за да разговара за ситуацијата во Крим.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG