Достапни линкови

logo-print

Малики ги обвини Саудиска Арабија и Катар за дестабилизација на Ирак


Ирачкиот премиер Нури ал-Малики ги обвини Саудиска Арабија и Катар за дестабилизирање на неговата земја со поддршка на милитантни групи. Со таквите постапки според Малики двете земји ефикасно му објавуваат војна на Ирак. Малики, кој е член на шиитската заедница во Ирак, рече дека обвинувањата дека тој го маргинализира сунитското малцинство во Ирак, се прават од страна на секташи кои имаат врски со странски агенди на Саудиска Арабија и Катар. Тој ги обвини Ријад и Доха дека обезбедуваат политичка, финансиска и медиумска поддршка со милитантните групи и ги обвини за купување оружје во корист на овие терористички организации.
XS
SM
MD
LG