Достапни линкови

Седница на Централното собрание на ДПА во Тетово


Централното Собрание на ДПА во зградата на општина Тетово одржува седница на која треба да се утврдат листите на кандидати за претстојните предвремени парламнетарни избори. Од партијата најавија дека за имињата на носителите на листите и останите кандидати ќе информираат во текот на утрешниот ден. Пред почетокот на состанокот претседателот на ДПА Мендух Тачи одговарајќи на новинарско прашање во однос на информациите дека по парламентарните избори можно е да дојде до промена на партнерите во владината коалиција рече дека очекува ДПА да победи кај Албанците на овие избори и оти доколку ова се случи ќе има свежина и нова динамика во новата влада.
XS
SM
MD
LG