Достапни линкови

Украинскиот премиер најави посета на Вашингтон


Украинскиот премиер Арсениј Јатценук денеска изјави дека неделава ќе оди во Вашингтон за да разговара за ќор-сокакот со Русија во врска со украинскиот регион на Крим. Неговите изјави доаѓаат по зацврстувањето на воената моќ на Русија во Крим. Претходно, Украинската гранична служба соопшти дека руските сили ја презедоа контролата на украинската гранична стража во западниот дел на Крим денеска наутро. Според извештаите руските сили сега контролираат 11 гранични пунктови во Крим. Про-руските власти таму побараа да се одржи референдум на 16 март за приклучување на тој дел од Крим кон Русија. Јатценук денеска изјави дека Украина нема да се откаже ни милиметар од нејзината територија во Русија.
XS
SM
MD
LG