Достапни линкови

Рохани против затворањето весници што ја критикуваат власта


Иранскиот претседател Хасан Рохани ја критикуваше практиката на затворање весници кои ја навредуваат Владата. Во своите последни изјави Рохани ја брани "слободата на печатот со одговорноста", велејќи дека довербата на јавноста е повредена тогаш кога Владата ги задушува медиумите. Иранскиот претседател изјави дека затворањето на весниците треба да биде последното средство кое може да се примени, а не прво. Иранската влада има долга историја со затворање на весници за коишто тврди дека ги навредуваат вредностите на исламската република. Во октомври 2013 година, реформистичкиот весник "Бахар" беше затворен.
XS
SM
MD
LG