Достапни линкови

Ходорковски во посета на Киев


Поранешниот руски нафтен тајкун Михаил Ходорковски пристигна во Киев за да ги посети демонстрантите на плоштадот за независност. Ходорковски, некогаш најбогатиот човек во Русија и жесток критичар на рускиот претседател Владимир Путин, ги посети самоодбранбените сили кои продолжуваат да го окупираа плоштадот и покрај истерувањето на поранешниот претседател Виктор Јанукович. Ходорковски рече дека дошол да види што се случува во Украина. Тој се сретна со демонстрантите на Маидан и беше сведок на тепихот од цвеќиња оставени за повеќе од 90 демонстранти кои беа убиени во февруари, кога полицијата се судри со демонстрантите во последните денови на претседателството на Јанукович. Предвидено е утре да одржи предавање на Киевскиот универзитет.
XS
SM
MD
LG