Достапни линкови

Украинската криза-тема за разговор на Кери и Лавров


Американскиот државен секретар Џон Кери му рекол на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, дека присоединувањето на Крим ќе го затвори слободниот простор за дипломатија. Најновиот телефонски разговор меѓу Кери и Лавров доаѓа откако проруската милиција ја зацврсти својата контрола врз Крим. Тим на агенцијата Ројтерс снимил една колона од стотина руски трупи во околу 50 камиони со војници, придружувани од оклопни и амбулантни возила, кои се повлекле во една воена база северно од Симферопол во саботата. На друго место, предупредувачки истрели биле испукани кога меѓународните набљудувачи се обиделе да влезат во Крим. Претседателот Барак Обама се обиде да ги убеди нервозните балтички лидери за поддршката на САД за нивната безбедност, а консултираше и други европски сојузници за Украинската криза. Тој одржа конференциски разговор со литванскиот, латвискиот и балтичкиот претседател.
XS
SM
MD
LG