Достапни линкови

Најмалку 40 мртви во бомбашки напад во Ирак


Ирачки официјални лица соопштија дека најмалку 42 лица загинале, а десетиц150 други биле повредени во самоубиствен бомбашки напад во градот Хила денеска. Бројот на жртвите се очекува да расте. Градот во кое населението е претежно шиитско град се наоѓа на околу 95 километри јужно од главниот град, Багдад. Експлозијата е проследена со серија смртоносни напади во кои загина најмалку 11 лица во Ирак, еден ден претходно. Во вчерашната експлозија на автомобил-бомба на улица полна со купувачи во Багдад, загинаа шест лица, а повредени се 14, соопшти полицијата. Ирак речиси секојдневно се соочува со смртоносни напади за кои најчесто се обвинуваат сунитските милитанти. Според проценките на ОН, 8868 луѓе беа убиени во насилствата во 2013 година, што се смета за најголема годишна бројка на загинати во Ирак во последните пет години.
XS
SM
MD
LG