Достапни линкови

Руските сили ја превзеле контролата во западен Крим


Украинската гранична служба соопшти дека денеска руските сили ја превзеле контролата врз украинската гранична стража во западниот дел на Крим. Портпаролот Олех Слободијан изјави дека Црноморската база на западниот брег на Кримскиот Полуостров била превземена без крвопролевање околу шест часот утрово. Украинските медиуми го цитираат Слободијан според кој административната единица била заземено од група од 30 вооружени лица од Руската Федерација.
XS
SM
MD
LG