Достапни линкови

Продолжува потрагата по исчезнатиот малезиски авион


Спасувачките операции за потрагата по исчезнатиот авион на Малезија ерлајнс продолжуваат, откако вчера авионот со 239 патници во него исчезна од видик. Малезиските власти велат дека вкупно 40 бродови и 22 авиони од неколку земји, вклучувајќи ги Кина и САД се вклучени во потрагата. Авионот леташе од Куала Лумпур до Пекинг, а исчезнал од радарот некаде помеѓу Малезија и Виетнам, без претходно да побара помош. Во меѓувреме, властите соопштија дека ја проверуваат снимката со најмалку двајца патници за кои се верува дека се качиле на авион користејќи украдени европски пасоши. Малезискиот министер за транспорт Хишамудин Хусеин потврди дека меѓународните агенции, вклучувајќи го и американското Федерално биро за истраги се приклучија на истрагата. Додаде дека властите ги испитуваат сите можности, меѓу кои и веројатноста од терористички напад
XS
SM
MD
LG