Достапни линкови

Турската полиција спречи осмомартовски протест во Истанбул


Турската полиција синоќа го затворила паркот Гези во центарот на Истанбул и не дозволила одржување на осмомартовски протест. Голема група жени се собрале околу плоштадот Таксим во Истанбул на протест. Тие се организирале од неколку активни женски здруженија, со цел да се насочи вниманието на институциите и јавноста кон убиствата и насилствата врз жените. Според бројот на убиства на жени, Турција се наоѓа на едно од челните места во светот. Тие се обиделе да достават декларација, во која ги повикуваат Владата и надлежните институции да преземат мерки за заштита на животот и безбедноста на жените во Турција.Но полицијата интервенирала и не им дозволила да протестираат. Дошло и до судири, во кои неколку жени биле повредени.
XS
SM
MD
LG