Достапни линкови

logo-print

Кетрин Ештон пристигна во Техеран


Шефот за надворешна политика на Европската унија, Кетрин Ештон пристигна во иранскиот главен град Техеран, на разговори околу спорната нуклеарна програма на Иран. Ештон ќе се сретне со високи ирански официјални лица, вклучувајќи го и министерот за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф утре и задутре. Планирана е и средба со иранскиот претседател Хасан Рохани. Ештон ја предводи групата од шест светски сили – Соединетите Држави, Велика Британија, Франција, Русија, Кина и Германија во преговорите со Техеран за неговата нуклеарна програма. Иран се согласи на почетен договор со групата на 24 ноември, односно да запре со неговата нуклеарна програма во замена за олеснување на санкциите. Преговорите за конечен договор се во тек. Посетата на Ештон доаѓа во периодот до следната рунда разговори, која е планирана за на 17-20 март во Виена.
XS
SM
MD
LG