Достапни линкови

Протест на голи жени во Париз


Седуммина голи жени денеска протестираа пред стаклената пирамида на музејот Лувр во Париз, поради угнетувањето на жените, а по повод Меѓународниот ден на жената, 8-ми март. Носејќи знамиња на Тунис, Иран, Франција и знамиња на други земји, тие се соблекоа пред влезот на музејот и прошетаа околу стаклената пирамида. Активистките за женските права извикуваа слобода, секуларизам и единство, пред очите на изненадените туристи во француската престолнина. На телата имаа испишани слогани како што се "готово е" и "слобода". Меѓу демонстрантите беше и Амина Сбуи, поранешна активистка на феминистичката група Фемен, која на почетокот на август помина два месеца во затвор во Тунис и ја напушти групата обвинувајќи ја за исламофобија.
XS
SM
MD
LG