Достапни линкови

Песков: Русија ги штити своите објекти во Крим


Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Путин се уште не го остварил неговото "право" за употреба на воена сила во Украина. Говорејќи на руската телевизија во петокот, Дмитриј Песков призна дека Русија само ги заштитува своите воени објекти во украинскиот дел од Крим. Тој ја повтори политиката на Путин дека Русија не може само да стои и да гледа кога смртоносна опасност им се заканува на Русите, било каде во светот.
Песков додаде дека Русија целосно ја разбира загриженоста на етничките Руси во источна и јужна Украина.
-Вие дури и не мора да се обидите да замислите што ќе се случи утре, кога оние што стоеја зад државниот удар во Киев дојдат до истокот на Крим, изјави Песков.
XS
SM
MD
LG