Достапни линкови

logo-print

Неколку жртви во експлозија во Авганистан


Официјални лица во Авганистан соопштија дека шефот на областа Назран, Нор Ара Камран бил убиен од бомба поставена во неговиот автомобил. Тој бил убиен во експлозија која се случила денеска во градот Џалалабад. Талибанците, наводно, ја презеде одговорноста за нападот, во кој двајцата телохранители на Камран и четири минувачи биле повредени. Во меѓувреме, шест авганистански припадници на безбедносните сили биле исто така убиени, а двајца биле повредени од експлозија на бомба во главниот град на провинцијата Лагман, изјавија официјални лица. Меѓу загинатите има четири војници и двајца полицајци. За еден месец, во Авганистан ќе се одржат претседателските избори за избор на наследник на претседателот Хамид Карзаи.
XS
SM
MD
LG