Достапни линкови

logo-print

Се трага по уште едно лице од групата која криумчарела текстил


Полицијата обезбедила докази за 14 лица, членови на криминалната група од кои седум се царински службеници вработени на Граничен премин Ново Село, против кои е поднесена кривична пријава за сторени кривични дела „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службена положба и овластување“, „криумчарење“, „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“. По едно лице се уште се трага бидејќи според сознанијата се наоѓа надвор од Македонија, додека останатите вчера беа изведени и пред судија на претходна постапка, кој им изрече мерка притвор во времетраење од 30 дена. Станува збор за лица на возраст од 28 до 50 години, главно од Струмица.
Ова го истакна министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која на денешната прес конференција истакна дека МВР во координација и со наредба на надлежниот јавен обвинител, ја реализирало последната фаза од Оперативната обработка „Лепак“ со која била откриена и разбиена организирана криминална група која подолг период наназад вршела кривични дела поврзани со криумчарење трговска стока од Бугарија и Грција во Република Македонија.
XS
SM
MD
LG