Достапни линкови

Дешчитца:Украина никогаш нема да се откаже од Крим


Актуелниот украински министер за надворешни работи Андрeј Дешчитца изјави дека Украина никогаш нема да се откаже од Крим и дека Киев прави сé што може за мирно решавање на кризата таму. За време на прес конференцијата во Киев, тој ја повика Русија да им овозможи на меѓународните набљудувачи од Организацијата за безбедност и соработка во Европа и други организации во Крим да ја следат ситуацијата таму. Во меѓувреме, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Русија нема директна улога во кризата во Крим. Тој исто така рече дека владата во Киев "не е независна" и дека за жал "зависи од радикалните националисти." Лавров, исто така, го обвини Киев за забраната на руски новинари да влезат во Украина, велејќи дека тоа е флагрантен напад врз слободата на информирање.
XS
SM
MD
LG