Достапни линкови

Најавени проруски протести во Доњецк


Голем проруски протест е најавен за денеска во Доњецк, седиштетото на сменетиот украински претседател Виктор Јанукович, на истокот од Украина, кон границата со Русија. Украинската полиција пред два дена ги избрка проруските демонстранти од локалната зграда и приведе 27 лица. Меѓутоа околу 100 демонстранти и натаму ја блокираа зградата и бараат приближување на Украина кон Москва. Властите во меѓувреме ја презедоа контролата над зградата и ја евакуираа под изговор дека се работи за закана од бомба, но неколку часа подоцна таа пак беше заземена од демонстрантите. Секој пат при завземањето на зградата демонстрантите го поставуваа руското, наместо украинското знаме.Тие именуваа и сопствен гувернер Павел Губарев, не прифачајки го Сергеј Тарут што го именуваа новите проевропски власти во Киев.
XS
SM
MD
LG