Достапни линкови

Лавров: Американските санкции ќе се вратат како бумеранг


Русија предупреди дека какви било американски санкции наметнати на Москва во текот на кризата во Украина ќе и се вратат како бумеранг на САД, откако вооружени лица се обиделе да влезат во друга украинска воена база на полуостровот. Во телефонски разговор со американскиот државен секретар Џон Кери, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров предупреди дека "избрзани и непромислени чекори" можат да им наштетат на руско-американските односи. Неговите коментари дојдоа откако Газпром се закани дека ќе ги намали испораките на гас за Украина ако Киев наскоро не ја плати својата сметка за гас. Во петокот вечер вооружени лица возеле камион во украинскиот ракетен одбранбен објект во Севастопол.
Но, не биле испалени куршуми и про-рускиот премиер на Крим подоцна изјави дека опасноста поминала. Украинските одбранбени сили изјавија дека во моментот 30.000 руски војници се во Крим.
XS
SM
MD
LG