Достапни линкови

logo-print

Во Сочи отворени зимските пара-олимписки игри


Со свечена церемонија, денеска во Сочи беа отворени пара-олимписките зимски игри. На нив ќе учествуваат околу 550 спортисти од 45 земји. Пред отворањето, рускиот претседател Владимир Путин му рекол на претседателот на Меѓународниот пара-олимписки комитет, Филип Кравен дека се надева оти натпреварувањата ќе придонесат за намалување на страстите во врска со Украина. Претседателот на украинскиот пара-олимписки комитет соопшти дека спортистите од Украина ќе учествуваат на игрите и покрај актуелните тензии со Русија.
XS
SM
MD
LG