Достапни линкови

Цвекиња во Вардар против насилството врз жената


Aмбасадорите на земјите членки на ЕУ и претставници на други меѓународни организации спроти Денот на жената денеска пуштија цвеќе во водите на реката Вардар од Камениот мост во знак на сеќавање на жените жртви на насилство.
Церемонијата организирана од Делегацијата на ЕУ во Скопје е со цел симболично преку цвеќињата да се пренесе пораката дека жените во иднина треба да бидат ослободени од секаков облик на насилство.
- Насилството против жените постои во секое општество и вклучува најразлични форми на физичка, сексуална и психичка злоупотреба. Насилството против жените е нарушување на човечкото достоинство и во својата најлоша форма го нарушува правото на живот. Борбата против семејното насилство и другите форми на насилство против жените ширум светот е заедничка цел на меѓународната заедница, изјави евроамбасадорот Аиво Орав.
XS
SM
MD
LG