Достапни линкови

Невработеноста во БиХ во пораст


Координаторот на Здружението на невработените во БиХ Хасан Сејдиќ изјави дека без работа во моментот се околу 560.000 лица, меѓу кои, има и голем број луѓе кои се регистрирани во бироата за вработување со децении.

Во јануари и февруари е регистрирано зголемување на невработеноста, оцени Сејдиќ. За кризата во која се наоѓаат невработените во Босна, покажуваат и податоците на Агенцијата за статистика на БиХ за минатата година, според кои 75.000 граѓани се без работа над десет години.
XS
SM
MD
LG