Достапни линкови

Ереван - протести поради пензиски реформи


Еревена - архива

Еревена - архива

Стотици луѓе протестираа пред ермениското министерството за финансии во Ереван поради пензиските реформи.
Полицијата уапси околу десетина демонстранти.

Демонстрантите бараа поништување на законот за задолжително пензиски заштеди кој стапи во сила на 1 јануари.

Според новиот закон, државјани кои се родени по 1 јануари 1974 година, мора да придонесат со 5 проценти од нивните месечни плати во пензискиот фонд на што владата ќе придонесе со уште 5 насто.

Ерменискиот Уставен суд привремено го суспендираше овој законот во јануари по големите протести во Ереван. Сепак, демонстрантите велат дека работодавците продолжуваат да одбиваат по 5 проценти од нивните плати.
XS
SM
MD
LG