Достапни линкови

logo-print

Српски четници на Крим, спремни да се борат


Група срби, со четнички униформи и иконографија, веќе распоредени на еден контролен пункт на Крим, велат им помагале на руските браќа.

На про-руските сили на Крим им се приклучи и група доброволци од Србија, кои се претставуваат како припадници на Четничкото движење. Отишле таму, како што велат, на повик од козаците и таму биле за да му дадат подршка на рускиот народ, а ако треба и ќе се борат.
Станува збор за луѓе, кои со четнички униформи и иконографија, се фалат и со учество во војните во бивша Југославија.

“Господ да помогне браќа и сестри руси и русинки! Ние сме ист народ, иста словенска крв”!

Вака на бината во Свестопол, на Крим им се обрати Милутин Малишиќ, кој се претставува како командант на четничката гарда Волци. Србите, четници, на Крим се распоредени на еден од контроните пунктови. Стеван Вукојевиќ, кој во Четничкото движење бил задолжен за логистика вели:

“Тие се таму за да не дојде до ескалација на судирите, бидејки сега полицијата и војската преминуваат од една на друга страна. Таму е на сцена тивка поделба. Српските четници, кои се бореа и на Косово, имаат пункт наспроти татарските муслимани и ако бидат нападнати, ќе одговорат”.

Крим, Март 2014

Крим, Март 2014

Инаку, и Малишиќ учествувал во војната на Косово, како припадник на воената полиција, а неговата организација и натаму тврди е подготвена оружено да ја бранат, како што велат јужната српска покраина. Врз основа на нивната реторика, би можело да се каже дека станува збор за луѓе кои се на граница на надри-патриотизам и фолклорно доживување на руско – српските односи. Но, воено – политичкиот коментатор Љубодраг Стојадиновиќ наведува дека ваквата појава не треба да се релативизира:

“Овој регион даде многу чопори на кучиња на војната и нив веројатно ги има и денес на некои места. Некои се по затвори, но сигро е дека некои од нив не се безопасни. Сепак, нивното влијание е минорно, а нивните постапки најчесто се материјално или авантуристички мотивирани”.

Некои аналитичари го поставуваат прашањето дали ваквите групи можат да бидат контролирани, чија политичка подршка добиваат. Тоа е причината поради која би требало и државата Србија, да има информации за оние кои своите “вештини” од Балканот, сакаат да ги покажат и во Украина. Се чини, меѓутоа, дека за тоа нема голем интерес. Официјалната политика на Србија е на постојана калкулација меѓу Истокот и Западот, па оттука не е изненадување што и милењето на граѓаните во Србија е поделено во врска со појавувањето на четниците на Крим.
  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG