Достапни линкови

Вељаноски упати покани до ОБСЕ, ЕП, ПССЕ и НАТО за набљудување на изборите


Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски, согласно уставните и законските надлежности и воспоставената пракса, денеска упати покани до претседателот на ПС на ОБСЕ Ранко Кривокапиќ, претседателот на ЕП Мартин Шулц, претседателот на ПССЕ Ан Брасер и претседателот на ПС на НАТО, Хју Бејли, за да учествуваат во набљудувањето на предвремените парламентарни избори.
Во Изборниот законик е предвидено дека целиот изборен процес да можат да го набљудуваат меѓународни организации и претставници на странски земји и регистрирани домашни и странски здруженија на граѓани во чии статути е вклучено начелото на заштита на човековите права.
XS
SM
MD
LG