Достапни линкови

logo-print

Ердоган ќе ги забранел Фејсбук и Јутјуб


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган разгледува предлози за дополнително заострување на правилата за интернет во Турција и дури и можна забрана за користење Фејсбук и Јутјуб затоа што наводно биле злоупотребувани од политичките противници.

Во телевизиско обраќање Ердоган зборуваше за прашањето за прислушкување и за аудио-снимките за наводни телефонски разговори на официјални лица што се поставуваат на интернет.

По повод новиот закон за интернет, што предизвика критики во државата и странство, Ердоган изјави дека владата подготвува нови чекори во таа насока по локалните избори на 30 март.
XS
SM
MD
LG