Достапни линкови

Увидот во Избирачкиот список за претседателските избори завршува денеска на полноќ


Денеска на полноќ завршува дваесетдневниот јавен увид во Избирачкиот список за претседателските избори и за граѓаните од земјата и за дијаспората.
Досега преку веб-страницата на Државната изборна комисија увид во избирачкиот список направиле 80.000 граѓани, додека до Комисијата преку Дипломатско-конзуларните претставништва се доставени 2.747 барања од дијаспората, од кои 2.415 се прифатени. Најмногу од нив се од државјани на Македонија кои живеат или се со престој во европските земји.
Избирачкиот список на политичките партии треба да им биде доставен до 12 март. ДИК го заклучува Избирачкиот список најдоцна до 22 март.
Петтите претседателски избори во Македонија се закажани за 13 април. Кампањата за претседателските избори почнува на 24 март, 20 дена пред изборите. На вториот круг од изборите на 27 април во земјата ќе се одржат и предвремени парламентарни избори.
XS
SM
MD
LG