Достапни линкови

logo-print

Времето денеска-облачно и малку посвежо


Времето во Македонија ќе биде претежно облачно и малку посвежо, со кратки сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд. Пообилни ќе бидат врнежите во крајниот југоисточен дел на земјава каде се очекува да наврнат околу 10-ина литри на метар квадратен воден талог. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од минус два до шест, а дневната од осум до 13 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно. Во попладневните часови ќе има услови за повремен слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до 13 степени.
Во наредните денови времето ќе биде променливо облачно и релативно свежо за овој период од годината, со повремени локални врнежи од дожд, на некои повисоки места од дожд и снег, а на планините од снег. Во текот на викендот ветерот ќе се засилува од северен правец и ќе предизвика дополнително опаѓање на температурата во почетокот на наредната недела.
XS
SM
MD
LG