Достапни линкови

logo-print

ЕУ - прекин на преговорите со Русија ако не преговара со Украина


Претседателот на Европската Унија Херман ван Ромпуј изјави дека Унијата ќе ги суспендира преговорите за визи и за соработка со Русија доколку руската влада за неколку дена не започне преговори со украинските власти.
Во Брисел се одржува состанок на лидерите на ЕУ за ситуацијата во Украина.Ромпуј додаде и дека ЕУ ке потпише договор за асоцијација со ЕУ пред изборите во Украина во Мај оваа година.
Во посета на Брисел денеска е и украинскиот премиер Арсениј Јатсениук, кој разговараше со челниците на ЕУ и НАТО за ситуацијата во Украина.
XS
SM
MD
LG