Достапни линкови

Јатсениук - барањето на кримскиот парламент е нелегитимно


Брисел - Јатсениук и Меркел

Брисел - Јатсениук и Меркел

Украинскиот премиер Arseniy Јатсениук изјави дека барањето на локалниот парламент во Крим да стане дел од Русија е "нелегитимно". Јатсениук ова го изјави во Брисел, на маргините на состанокот на лидерите на ЕУ на кој се разгледа одговорот на окупацијата на Крим од страна на руските сили. Парламентот на Крим денеска имено едногласно изгласа тој украински полуостров да стане дел од Русија.
Про-руското раководство на Крим, исто така, решило референдумот за тоа дали Крим да се припои кон Русија или да остане во Украина, да се одржи во наредната недела, на 16-ти март.
Првиот заменик премиер Рустам Темиргалиев ,исто така, рече дека украинските вооружените сили на Крим ќе се сметаат за "окупатори" и и оти мора да се предадат или да го напуштат Крим. На Крим русите се во мноизинство, а регионот е и седиште на руската црноморска флота.
Украинскиот Премиер Јатсенијук исто така изјави дека Украина е подготвена да потпише договор за асоцијација со ЕУ, чии отфрлање од страна на про-рускиот претседател Виктор Јанукович ја предизвика сегашната криза.
XS
SM
MD
LG