Достапни линкови

Српската влада против косовска армија


Александар Вулин

Александар Вулин

Српската Влада ќе побара свикување на седница на Советот за безбедност на ОН поради најавеното формирање вооружени сили на Косово и влошувањето на политичката клима и безбедносната состојба, изјавил денеска српскиот министер за Косово Александар Вулин.
Вулин изразил длабока загриженост на српската Влада поради влошувањето на политичката клима во Косово, почнувајќи од каменувањето на Срби во Ѓаковица и се до забраната на српски граѓани да влезат на Косово.
Според Вулин прераснувањето на косовските безбедносни сили во Армија треба да ја загрижува целата меѓународна заедница.
XS
SM
MD
LG