Достапни линкови

logo-print

Членките на Пуси Рајот нападнати во Нижни Новогород


Двете членки на руската панк група Пуси Рајот, Надежда Толоконикова и Марија Аљокина денеска биле нападнати од непознати лица во ресторан на Мек Доналдс во Нижни Новогород. Врз нив фрлале метални предмети, храна и ги полиле со течност, при што двете биле повредени. Случајот бил пријавен во полиција. Толоконикова и Аљокина, кои беа нападнати и за време на Олимписките игри во Сочи, речиси две години беа во затвор поради перформанс против Путин во црква во Москва.
XS
SM
MD
LG