Достапни линкови

logo-print

Големата лага: Руска кампања за дезинформации околу Украина


Фашисти раководат во Киев. Бегалци во Русија од Источна Укрина. Антисемитски инциденти и напади врз православни цркви. Ова се само неколку претерани или лажни приказни во руските медиуми со кои се шират тензиите околу ситуациајта во Украина. Нашиот новинар Роберт Колсон се осврна на таканаречета војна со информациии по руската интервенција во Украина.

Тешко е да се добие вистинска приказна за она што се случува во Украина. А, руските медиуми се чини прават тоа да биде уште потешко.

Откако руските сили го контролираат Крим и со размислувањата на Москва за натамошни воени акции во Украина, руските медиуми и водечките политички фигури почнаа со клеветење дека фашисти раководат во Киев, потоа дека има напади врз етнички Руси во источните делови на Украина, па антисемитски инциденти и поплави на измачени бегалци кои од Украина пристигнуваат во Русија.
Руска телевизија - 1 канал - „бегалци од Украина“ - снимката е од украинско - полска граница

Руска телевизија - 1 канал - „бегалци од Украина“ - снимката е од украинско - полска граница


Но, голем дел од овие информации се покажаа како неточни, од несигурни медиуми со изјави на руските политичари, а тие својот пат го најдоа и до западните медиуми.
Така почнуваат војните. Како што се вели - вистината е првата жртва на војната и ние навистина тоа го гледаме во Русија. Мислам дека тоа е навистина неодговорно. Се поттикнува многу омраза. Луѓето во места како Харков гледаат руски телевизии и веруваат во тоа.

Аналитичарите велат дека станува збор за спин-доктори кои ги користат медиумите за да развијат поддршка за непостоечка војна. Кетрин Фицпатрик е писател и преведувач:

„Така почнуваат војните. Како што се вели - вистината е првата жртва на војната и ние навистина тоа го гледаме во Русија. Мислам дека тоа е навистина неодговорно. Се поттикнува многу омраза. Луѓето во места како Харков гледаат руски телевизии и веруваат во тоа“, вели таа.

Фицпатрик додава дека сите причини што ги наведоа руските законодавци да одобрат употреба на сила што ја побара претседателот Владимир Путин, па до оправдувањата во Советот за безбедност на Обединетите нации оваа недела од страна на рускиот амбасадор Виталиј Чуркин, се базираа врз лаги за напади, врз бранови бегалци.

Руските медиуми имено објавија дека над 650.000 Украинци од југоисточна Украина пребегнале во Русија од почетокот на годината. Високиот комесар на ОН за бегалци, пак, вели дека не видел докази за невообичаена миграција на границата.

Украински блогери ги разоткриваа наводните факти на руските медиуми, како на пример извештаите со фотографијата на која нема датум, а всушност е направена на граничниот премин Шехини меѓу Украина и Полска, а не во Русија. Украинскиот новинар Олег Шинкаренко, кој има пишувано за руската пропагандна машинерија изјави дека целта е да се предизвика омраза кон Украинците и Русија да тргне во војна со Украина.

„Приказните на Путин: 10 лажни тврдења за Украина“

Инаку невообичаено американскиот Стејт департмент го обвини рускиот претседател Владимир Путин за лажење во врска со настаните во Украина.

Во вчера објавениот документ со наслов „Приказните на Путин: 10 лажни тврдења за Украина", се наведува дека Путин ги игнорирал или искривил фактите за да ја „оправда руската агресија“. Стејт департментот ги побива тврдењата на Путин дека „одбранбени групи граѓани“, а не руските сили, ги зазеле инфраструктурните и воените објекти во Крим.

Во документот на Стејт департментот се наведува дека има силни докази оти припадниците на руските безбедносни служби се во срцето на високо организираните анти-украински сили на Крим.

Исто така се оспоруваат тврдењата за хуманитарна криза на етничките Руси во Украина, како и извештаите за масовни напади врз цркви и синагоги, и оти украинскиот парламент е под влијание на екстремистите и терористи.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG