Достапни линкови

logo-print

Стејт департмент - Путин манипулира со вистината за Украина


Џон Кери - државен екретар на САД

Џон Кери - државен екретар на САД

Невообичаено американскиот Стејт департмент го обвини рускиот претседател Владимир Путин за лажење во врска со настаните во Украина.

Во вчера објавениот документ со наслов "Приказни Путин: 10 Лажни тврдења за Украина", се наведува дека Путин ги игнорирал или искривил фактите за да ја "оправда руската агресија".

Стејт департментот ги побива тврдењата на Путин дека „одбранбени групи граѓани," не руските сили, ги завзеле инфраструктурните и воените објекти во Крим.
Во документот на Стејт Департментот се наведува дека има силни докази оти припадниците на руските безбедносни служби се во срцето на високо организираните анти-украински сили на Крим.

Исто така се оспоруваат тврдењата за хуманитарна криза на етничките Руси во Украина, како и извештаите за масовни напади врз цркви и синагоги, и оти украинскиот парламент е под влијание на екстремистите и терористи.
XS
SM
MD
LG